Категории

Двократно чистење на лицето – Метода која ќе го замени козметичкиот третман за време на изоалција

Најважниот чекор во негата на кожата секако е чистењето. Доколку не го правите тоа правилно, останатите производи за нега на лице нема да бидат целосно делотворни

Квалитетната нега на лицето е доста важен дел од секојдневната рутина а во овие моменти на самоизолација не значи дека мораме да се откажеме од тоа. Посетата на козметичар на професионални третмани во овие мигови може да ја замени методата на двократно чистење.

Се работи за техника која опфаќа два различни производи за чистење на лицето.

Првиот чекор е користење сретство на база на масло а потоа во втората фаза, чистење на база на вода или сурфактант – површински активна состојба која овозможува да се поврзат водата и маслото.

Маслото ги привлекува природните масла на кожата и ги топи слоевите на тешка шминка, себум и останатите честици кои се топат во маслото.
Оние кои имат масна кожа не мораат да ги избегнуваат овие производи.

Како втор чистач доаѓа производот на база на вода – гел или млечна емулзија која продира длабоко во кожата за да се постигне професионален степен на чистење и зачувување на нејзиното здравје.