Е ОВА СЕ ВИКА СРЕЌА: На улица нашол 20 долари, купил лото ливче и освоил милион долари!

Келнерот Хјуберт Танг од Калифорнија нашол банкнота од 20 долари на улица и одлучил со неа да купи два лоза – игри на среќа. Кога видел дека изгребал милион долари, не можел да поверува.

 

Хјуберт ја пронашол банкнотата од 20 долари на улицата во близина на меѓународниот аеродром во Сан Франциско, ги искористил пронајдените пари да уплати лото и ја освоил главната награда од милион долари. Тој купил две грепки – игри на среќа во продавницата во близина на аеродромот и ја освоил главната награда на еден од лото – тикетите.

– Го изгребав тикетот пред продавницата. Му реков на својот пријател со кого бев во тој момент, дека не знам дали ова е вистина, но дека пишува дека сум освоил милион долари – изјавил Танг.

Хјуберт исто така соопштил дека не играл игри на среќа повеќе од 10 години, пред да ги купи среќните лото-тикети. Засега нема идеја како ќе ги потроши парите, но рекол дека ќе остава банкноти од 20 долари на разни места за да им ја донесат истата среќа на следните играчи.




Коментари

коментари