Ед Ширан е во брак со својата другарка од детството: „Се будам секое утро со Чери до мене и си велам – зошто е со мене? Можеше да биде со кој ќе посака, а ме избра мене“

Ед Ширан потврди дека од неодамна е во брак со својата долгогодишна избраничка, Чери Сиборн. Британските медиуми соопштија дека тие стапиле во брак пред Божиќ пред семејството и најблиските пријатели. 

Во интервју 28- годишниот Ширан зборувал за текстот на својата нова песна, која ја сними со Еминем и 50 Сент, „Remember My Name“, во која Чери ја нарекува своја сопруга.

– Всушност ја напишав пред да се венчаме Чери и јас, но знаев дека ќе се венчаме пред песната да биде објавена. Некој ќе ја слушне песната и ќе рече: „Ох, па тие се венчале! Не знаев како тоа ќе се протолкува, но очевидно е дека веќе сите знаат, истакна популарниот пејач.

„Се будам секое утро со Чери до мене и си велам – зошто е со мене? Можеше да бидеш со кој ќе посакаш, а ме избра мене“, вели Ширан.

Ед Ширан и Чери Сиборн се познаваат откако биле деца, но почнале да се забавуваат дури во 2015 година, кога заедно заминале на журка која ја организирала пејачката Тејлор Свифт по повод американскиот Ден на независност – 4 јули. Тие се вериле во јануари 2018 година. 




Коментари

коментари