Категории

Еден ден ќе се разбудиш и ќе сфатиш дека покрај тебе спие личност која долго време не ја сакаш

Еден ден ќе се разбудиш и ќе сфатиш дека покрај тебе спие личност која долго време не ја сакаш.

Твоето најмладо дете кое е во соседната соба, следната недела ќе наполни 18 години. Стануваш одиш да се измиеш и случајно погледнуваш во огледало. Со ужас сфаќаш дека имаш 52 години. Поголемиот дел од твојот живот е позади тебе. Личноста која толку си ја сакала на 18 години, која толку си ја ценела на 25 и со која толку си сакала трето дете на 32 години, воопшто не е иста. Влегуваш во кујна и му ставаш кафе на тој човек. Тој ќе се разбуди и повторно ќе вика зошто не си му ја испрала маицата, а проблемот одамна не е во тоа, туку едноставно тој веќе не те сака, а ни ти него…

А сега заборави го сето ова

Имаш 18 години и твојата цел е да направиш сѐ што можеш да не се разбудиш покрај личноста која не ја сакаш, жалејќи се себеси.

Прегледи:
627
Објавено на:
13.09.2021