Еден ден ќе сфатиш…

Мудар и многу корисен животен совет:

Еден ден ќе сфатиш дека постојат луѓе кои никогаш не издаваат, но претходно ќе мораш да поминеш покрај многу, многу изневерувања.

Еден ден ќе разбереш дека надворешниот сјај – не е ништо во споредба со внатрешната убавина. Затоа, сѐ што е надворешно, трае до првиот дожд. Она што е однатре – гори засекогаш. Дури и ако се изгаснало и останало само последното жарче. Но, доволно е повторно да го дувнеш – оганот полека ќе пламне и ќе те згрее.

Еден ден ќе сфатиш дека многу изјави, цитати, афоризми, кои си ги изнаслушал во надворешниот свет – се само празен збир за зборови – ништо повеќе од тоа. Важни се само вистините, кои сам ќе ги спознаеш.
Еден ден ќе сфатиш дека добрината, нежноста, љубовта и грижата – се одлики на внатрешната сила, а не слабост.



Коментари

[fbcomments]