Единствената држава во светот во која не се раѓаат деца

Ватикан е најмалата држава во светот, сместена е во Рим, престолнината на Италија. Зазема вкупно 44 хектари, а населена е според податоците од 2019 год, со вкупен број од 799 луѓе.
Годишно во Ватикан доаѓаат околу 5 милиони туристи, а целата државичка е под заштита на Унеско и тоа е уште една од нештата кои ја прават посебна.

Запознајте ги и другите нешта по кои е познат Ватикан:

  1. 95 % од населението го сочинуваат мажи
    Популацијата во Ватика претежно ја сочинуваат достоинственици од католичката црква и војска, и швајцарската гарда која постојано го чува. Вкупно 5 отсто од населението се сопруги и деца на војниците.
  2. Државјанството на Ватикан не може да биде трајно
    Државјанството се добива исклучиво ако имате пасош од оваа држава и притоа не пожете да имате нити еден друг. Исклучок е папата Фрањо, кој го задржа аргентинското државјанство и папата Бенедикт XVI кој го зачува своето германско државјанство.
  3. Фотографирањето и нормалниот говор е забранет во Сикстинската капела
    Сикстинската капела е еден од главните причини што Ватикан го посетуваат толку многу туристи. Но во оваа зграда е дозволено само гледање и шепотење. Готографирањето и гласниот говор се казнуваат, а за редот во Сикстинската капела се задолжени работници кои се посебно платени за тоа.
  4. На Велики Петок можете да го видите папата како лежи на сред црква
    Во прашање е церемонија која е именувана како „Христосовите маки“, која почнува така што папата, облечен во црвено, легнува пред олтарот со лицето надолу, додека свештениците клечат позади него. Во овој миг сите се молат во потполна тишина, а молитвата се изговара на глас.
  5. За жените да можат да живеат во Ватикан, мораат да се омажат за швајцарски гардисти
    Постојат неколку жени кои можат да работат во Ватикан, но за да бидат државјани на Ватикан е невозможно. Единствен начин е жената да се омажи за швајцарски гардист, единствената војска која го чува Ватикан. Но и тоа не е така едноставно. Гардистот мора да има посебна дозвола и да поседува чин десетар.
  6. Единствената држава со нулта стапка на наталитет
    Во Ватикан едноставно не постои пораѓалиште. Бебињата доаѓаат на свет во римските болници.



Коментари

[fbcomments]