Категории

Единствениот луксуз кој треба да си го дозволиш е да живееш живот каков што ти сакаш

Во удобни чевли и боја на ружи која ти се допаѓа или воопшто без шминка. Јади она што го сакаш, друже се со оној со кого ти е убаво, биди заедно од љубов, а не поради чувство на должност.

Отфрли го она кое не те прави среќен, она кое е застарено и истрошено, но чувај го она кое го сакаш.
Лускузниот живот не е „затоа што ти тоа го заслужувап“, туку затоа што тие нешта се достојни за тебе. Шолја која ти ја подарила твојата сестра или најдобра пријателка, омилената маица во која ти е пријатно да спиеш. Колач по рецептот на мама. Бакнеж од саканиот човек. Интересни книги. Добри филмови.Омилени песни. Свежа постела. Чист стан. Живот кој сама си го избрала.

Лускузниот живот не е нервирање кога нешто не оди како што треба. На твојот пријател можеби не му се допаѓа твојот омилен филм, саканата личност може да те напушти, можеби нема да добиеш унапредување на работното место. Се може да се случи. Ако нешто не успева, тоа никако не влијае врз твојата вредност. Тоа значи само дека моментално не се оди онака како што треба.

Лускузниот живот значи право на избор. Сама да го гледаш омилениот филм, да танцуваш со пријателите, да се предадеш или да се бориш. Да побараш нова работа или да ги разгледаш своите цели повторно.

Лускузниот живот значи да живееш по свои правила. Да чекориш спрема своите соништа. Да не бараш оправдувања. Да не прифаќаш ништо помалку од она кое што сметаш дека го заслужуваш. Да не се правдаш за своите избори, соништа, интереси.

Да можеш да кажеш: Не може така со мене!
И да можеш да кажеш: Епа ми се може!

Прегледи:
696
Објавено на:
26.05.2020