„ЕДНА ЉУБОВ“ и во Скопје овој септември со RnB & Hip-Hop спектакл

Веќе ни е позната идејата за обединување на македонските и бугарските музичари во една убава турнеја во двете држави, која има за цел да шири љубов и секако, уживање со добра музика.

Сега, „One Love Tour“ доаѓа и во Скопје! Скопје ќе биде дел од најголемата Македонско-Бугарска фестивалска турнеја #OneLoveTour, настанот ќе се одржи на 30-ти септември во Хала-5, Скопски Саем. Повеќе за настанот на нивниот фејсбук.

Иноватива Груп и Mejdina Stancia, најавуваат одличен настан со најпознатите RnB & Hip-Hop ѕвезди, на иста бина ќе настапат:
Slatkaristika, Krisko, Gery-Nikol, Toni Zen Official, Upsurt – Ъпсурт, и класиката на Македонскиот Hip-Hop #DjGOCESAF.

Продажбата на билетите е онлајн, а билети може да се најдат и во Југотон ГТЦ 1 кат, Т. А. Атлантик Турс – Скопје, Тобако 2 – Аеродором, Тобако 2 – Југодрво и во Универзална Сала – Скопје.

Живееме во време, во кое луѓето се делат по етничка, вероисповедна, статусна и по уште каква не припадност. Љубовта не познава граници, а љубовта кон уметноста е способна да собори граници, па дури и оние државните. Затоа, повелете на овој музички настан.




Коментари

коментари