Категории

Една од најголемите чести во животот со кои може да нè удостои судбината е грижата за нашите возрасни родители

Еден човек го однел својот татко во ресторан на вечера. Таткото бил многу стар и изнемоштен. Додека јадел, парчиња храна му паѓале врз кошулата и панталоните. Гостите во ресторанот ги вртеле главите или гледале со одбивност, но синот останал потполно смирен. Кога завршиле со вечерата, синот внимателно му помогнал на татко му да стане и го однел во тоалетот.

Таму тој му ги ги исчистил пантолоните и кошулата, го измил, со љубов му ја измазнил седата коса и му помогнал да си ги намести очилата. Кога влегле во ресторанот, ги пречекала целосна тишина. Единствено што можело да се чуе е шепотот за тоа како можел да донесе стар човек во ресторан, да му паѓа храна на подот и да им ја згадува вечерата на останатите.

Синот ја повикал келнерката за да ја плати сметката, платил и кога тргнале да излезат од ресторанот, од една од масите станал еден возрасен човек и извикал:

– Изгледа оставивте нешто!

Синот погледнал наоколу, проверил по џебовите и рекол:

– Не оставивме ништо.

Тогаш човекот рекол:

– Оставивте нешто за сите што седат во овој ресторан! Оставивте поука за секој син и ќерка и надеж за секој родител! Одеднаш сите гости замолкнале. Секој од нив почyвcтвaл cpaм за тоа што го осудил тој однос – татко и син. Бидејќи една од најголемите чести во животот со кои може да нè удостои судбината, тоа е грижата за нашите возрасни родители.

Тие се луѓето кои ни го подарија своето време, здравје и пари. Тие го заслужуваат нашето најголемо почитување. СЕКОГАШ!

Прегледи:
20
Објавено на:
19.01.2021