Категории

Еднаш во животот ќе сретнеш некој кој ќе биде како зрак светлина во мрак – Никогаш немој да го испуштиш

Има толку прекрасни луѓе, што би можеле да разговарате со нив цел ден. Би ги слушале без разлика што ќе ви кажат. Овие луѓе се најдобрите антидепресиви затоа што откако ќе разговарате со нив имате чувство дека по секој нивен збор тежината на вашите рани е помала. Има луѓе кои за момент ви го подобруваат расположението затоа што ве разбираат и вие ги разбирате. Знаат дека секоја ваша приказна вреди да се слуша, и подготвени се да бидат мелем за сите ваши грижи, поттик во вашите црни ноќи.

Има луѓе толку прекрасни, откако ќе разговарате со нив, имате чувство дека вашата вредност расте затоа што гледаат колку вредите и ве почитуваат како што се почитуваат себеси. Тие доаѓаат кога треба и не прашуваат уште колку време е потребно. Внимавајте на таквите луѓе, бидејќи ќе дојдат студени денови и ќе нема кој да ве слуша. Чувајте ги како зеница на окото бидејќи тие се навистина вашиот поглед на светот. Тие се твоите ангели кои те воздигнуваат само со еден убав збор и насмевка за да те вратат во подобар свет.

Прегледи:
87
Објавено на:
24.11.2021