Категории

Едноставна диета која жените ширум светот ја обожаваат – Килограмите се топат за рекордно време

Има се повеќе истражувања кои потврдуваат дека алергиите на храна, чувствителноста и нетолеранцијата на различни видови храна се шират побрзо од кога било.

– Ова се случува и со храната која се смета за многу здрава – вели д-р Винсент Педре, кој во својата пракса се сретнал и со случаи на алергии на јогурт или специфични видови риби.

– Пациентите се обидувале што повеќе да ја јадат оваа здрава храна, а со тоа несвесно го повлекле чкрапалото на општо воспаление во телото. Како резултат на тоа, тие не можеа да го намалат вишокот килограми, сите процеси на стареење им се забрзаа и често се разболуваа – вели д-р Педре.

За да ги спречите овие проблеми, треба да започнете елиминациска диета – исфрлете ја од исхраната потенцијално проблематичната храна – млечни производи, јајца, потоа месните производи, како и рибата.

– Потоа постепено враќајте ја храната една по една и следете ги реакциите на телото – објаснува д-р Педре, во својата планетарно популарна книга „Среќен стомак“.

Обрнете посебно внимание на знаците како затнат нос, главоболка, непријатност во стомакот, замор или чешање. Кога ќе дознаете која храна ги предизвикува и ќе ја исфрлите од исхраната, ќе се воспостави нормален метаболизам, а слабеењето ќе продолжи со вообичаеното темпо.

– Кога ќе ја елиминираат храната што им пречи, луѓето губат, во просек, околу 250 грама дневно – вели д-р Педре.

Прегледи:
519
Објавено на:
12.06.2022