Едноставно и ефикасно! Трикови за блескава кујна

Што е вашата прва асоцијација на кујна? Храна? Тоа сепак, не е само местото каде што ја подготвуваме храната, туку и просторија каде се собираме, па важно е да се чувствуваме пријатно. Со помош на овие трикови вашата кујна ќе блеска.

Силни бои

Во кујната честопати играме на сигурно, избирајќи неутрални бои, како белата, боја на дрво, евентуално сива. Нема потреба од тоа, слободно играјте се со боите. Црно-белата кујна е исто така во тренд, но тоа не значи дека не може да имате детали во други бои, од црвена до жолта. Кога станува збор за ѕидовите, најдобро е да бидат во неутрални бои. Но, доколку се определите за неутрална кујна, ѕидовите може да бидат во силна портокалова боја или црвена, која како што велат психолозите, поттикнува апетит.

Детали

Деталите како што се стазата, крпата, шолјите за кафе мора да бидат живописни. Слики со прилагодени натписи или оние на кои има мотиви од кујна исто така ќе го разубават просторот. Во тренд се и табли, како оние училишните на кои може да го испишете списокот за купување или да оставите некоја порака до домашните. Виолетов фрижидер или машина за перење ќе внесе ведрина во вашата кујна. Интересен тапет исто така ќе направи голема разлика.

Полици

Искористете го секој центиметар од просторот така што ќе направите полици по мерка. Тие не само што се практични, туку имаат и естетска функција. Освен затворените полици, одлични се и отворените. Распоредете ги зачините кутиите со потребни ситници, а ако имате кувар, тоа е вистинското место за него.




Коментари

[fbcomments]