Едуардо Галеано: „Живееме во свет каде што свадбите се поважни од љубовта, а изгледот од паметот!

Едуардо Галеано е уругвајски писател, автор на меѓународни наслови, кој на своите читатели им нуди размислувања за светот, љубовта, религијата, фудбалот… Ова се некои од неговите најпознати мисли.

„Создадени сме од времето. Ние сме неговите гласови и неговите стапала. Стапалата на времето чекорат со нашите стапала. Порано или подоцна ветриштата ќе ги избришан нашите траги. Сите го знаат тоа. Чекорење низ ништо, траги од никого? Гласовите на времето го проповедаат својот пат.“

„Ние живееме во свет каде што погребот е поважен од покојникот, свадбите се поважни од љубовта, каде што изгледот е поважен од паметот. Ние живееме во општество каде што се цени амбалажата, а се презира содржината.“

„Само будалите веруваат дека тишината е празнина, никогаш не е празнина. Понекогаш е најдобар начин на комуницирање токму тишината.“

„Насилството предизвикува насилство, како што знаеме: но исто така создава добивка за индустријата за насилство, која го продава како спектакл и станува објект на потрошувачка.“

„Гладта влијае на стравот. Стравот од тишина ги пробива улиците. Стравот се заканува: Ако сакате, ќе имате ХИВ. Ако пушите ќе имате рак. Ако дишете, ќе имате загадување.“

„Мојот најголем страв е дека сите патиме од заборав. Пишувам за да го опоравам памтењето на човечкото виножито, кое е во опасност да биде унакажано.“

„…бројни се оние осудени на глад за леб, а уште побројни оние осудени на глад за прегратки.“




Коментари

коментари