Категории

ЕФЕКТОТ НА КАФЕТО ШТО НЕ ГО ЗНАЕВМЕ ДОСЕГА!

За многумина од нас, чаша силно кафе е она што ни помага да функционираме од моментот кога ќе ги отвориме очите. Но, ако пиеме повеќе од една чаша дневно, ризикуваме да го нарушиме спиењето и да ги предизвикаме последиците што ќе не следат со децении, предупредуваат експертите.

Сте станале на “левата нога”? Зошто луѓето мора да спијат? Ова е добариот ефект на кафето!

Списанието Sleep објави студија на Универзитетот во Сеул, која покажа дека субјектите кои долги години пиеле по две кафиња дневно имаат проблеми со жлездата која лачи мелатонин.

Дали пиете премногу кафе?

Истражувачите и институциите ги скенирале мозоците на учесниците, и откриле дека оние со долгогодишен “стаж” на пиење на кафе имаат помала епифиза, жлезда што ослободува мелатонин, супстанција неопходна за спиење.

Студијата вклучува 162 возрасни мажи и жени, а меѓу оние кои пиеле две кафиња на ден со децении, оваа жлезда била за 20 посто помала од оние кои не пијат кафе.

“Со тоа, жлездата произведувала помалку мелатонин, хормон кој се ослободува кога ќе дојде време за умот и телото да падне во сон”, пренесува весникот.

Иако кофеинот со векови е познат како краткорочен стимуланс, ова е една од првите студии кои го покажуваат нејзиниот долгорочен ефект врз мозокот. На кратко, Универзитетот во Сеул порачува – ако во дваесеттите години сте испиле многу кафе, не се изненадувајте ако во педесеттите години имате проблеми со спиењето.

Прегледи:
329
Ознаки:
· ·
Објавено на:
14.08.2018