Категории

Слушнете го најновиот хит на Ефто Пупиновски „Песна за невестата“

Со го­лем кон­церт во Уни­вер­зал­на­та са­ла пред две години на 16-ти мај, Пу­пи­нов­ски ги од­бе­ле­жа че­ти­ри­те де­це­нии на сце­на­та и плод­на­та ка­ри­е­ра. Тој е еден од ре­тки­те на­ши фолк-пе­ја­чи што мо­жат да се по­фа­лат де­ка го на­пра­ви­ле тоа во пос­лед­ни­те го­ди­ни.

Ефто Пупиноски не запира со своите хитови, тој денес ја објави неговата најнова песна, која е насловена „Песна за невестата“. Станува збор за уште еден голем хит кој ќе се пее на Македонските свадби. Ефто Пупиноски на кратко за Среќа Мк, ни ја опиша идејата за создавањето на оваа песна.

Ефто Пупиноски:

Присуствувајќи на многу свадби во мојот естраден живот ми се наметна потребата да направам специјална песна за она што е центар на случувањето на секоја свадба – НЕВЕСТАТА.
Гледано од повеќе аспекти таа во целиот свадбен амбиент е најубавото нешто, централна фигура преплавена со емоции и едиствената особа облечена во бело. Со посебна почит и внимание, нека „Песна за невестата“ и е почеток и патоказ на патот во животот во кој зачекорува.

Во продолжение слушнете ја новата песна на Ефто …

Прегледи:
941
Објавено на:
22.03.2016