Ексклузивен концерт на извонредните HOOVERPHONIC во Македонската Филхармонија!

„Драги пријатели, ако во животот постојат концерти што се прават од љубов, тогаш тоа е следниот наш концертен проект за оваа година кој со задоволство сакаме да ви го најавиме“, вака го најавуваат Авалон Продукција својот нов голем настан.

Имено, трип-хоп бендот „Хуверфоник“ на 29 март ќе одржи концерт во салата на Македонската филхармонија во Скопје, во рамки на својата балканска турнеја. Оваа турнеја, која е во организација на Авалон Продукција, ќе продолжи во Загреб, Белград и во Софија.

„Хуверфоник“ e белгиски бенд основан 1995 година. Досега снимиле осум студиски албуми и неколку компилациски изданија. Кон средината на ноември лани тие го објавија албумот Looking For Stars.

Публиката во Скопје првпат во живо ќе чуе некои од најголемите хитови кои ја одбележаа кариерата на еден од најголемите трип-хоп бендови на сите времиња, како што се Mad about you, 2 Wicky, Eden, Winegar and salt и други.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда 16.01.2019 година.




Коментари

коментари