„Електричната“ Prada во полн сјај ја претстави новата есенска колекција

Пред миланската модна публика, на модната недела беше претставена и новата колекција на реномираната модна куќа Prada, обележана со микс од електрични референци, необични комбинации од материјали, впечатливи дезени и бои како и модни додатоци. Miuccia Prada претстави една навистина интересна и необична колекција давајќи специјален акцент на максимализмот. Во својата модна визија таа како доминанти адути ги претстави плетивата од ведри нијанси, женствените фустани со реси, долгите капути, ташните, накитот и чевлите со впечатливи детали. Уште една непредвидливо одлична колекција за студената сезона.




Коментари

[fbcomments]