Категории

Елена Ристеска за свршувачката на Каролина Гочева: „Многу сум среќна, другарке моја“

Долгогодишната пријателка и колешка на тазе свршената поп-ѕвезда Каролина Гочева, Елена Ристеска, својата возбуденост за среќата на Каролина ја изрази и на својот фејсбук-профил и објави досега невидени фотографии од Каролина и Михаил Корубин.

„Уште на ланскиот роденден на Михо знаев дека сте створени еден за друг, се гледаше по сјајот во очите… А богами се гледа и на сликава што сум ви ја сликала тогаш… Многу сум среќна, другарке моја, за вас, заслужи ваква среќа и ваков човек до себе, после толку премрежја. Среќата кога тогаш доаѓа и вреди да се чека онаа вистинската љубов.. Честитки, ве сакам!“, напиша Елена.

Извор : ubavinaizdravje.mk

Прегледи:
364
Објавено на:
07.05.2017