Категории

Елена Ристеска запеа во живо на 24-тото „Бизнис кафе“, а тоа изгледа вака… (ВИДЕО)

Вечеравечер се одржа 24-тото бизнис кафе, на кои гости беа Елена Ристеска – пејачка и текстописец. Тодор Стојчевски – Директор на агенцијата за односи со јавност Чептер 4 Македонија и Сашко Самарџиоски – Генерален директор на Прилепска Пиварница.

Тие ги раскажаа своите животни приказни, нивниот професионален пат, тоа што ги инспирира и мотивира во животот и како успеале да стигнат до тоа што се сега, успешни личности од кои може секој да научи по нешто.

Елена Ристеска е една од нашите најуспешни пеачки, веќе со долгогодишна кариера која започна во далечната 2002 година со нејзината победа на музичкиот натпревар М2. Таа денес е вистински професионалец, успешна во нејзината кариера како пејачка и текстописец, а на гостите на Бизнис кафето им откри дека веќе три години е сама свој менаџер.

Секако, гостувањето на Елена на овој настан подразбираше да го направи тоа што најдобро го знае, да запее…

 

Прегледи:
246
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
07.07.2017