Категории

Ема Вотсон во креација на Dior ја прими наградата за „Инспирација на годината”

16

Младата актерка и хуманист сазлужено ја освои наградата за „Инспирација на годината”. Додека многу од ѕвездите присуствуваа на забавите по повод празникот „Ноќта на вештерките”, убавата Ема одлучи да не отстапува од традицијата па избра необична тоалета од модната куќа Dior со принтови во духот на празникот. Тоалетата е дел од пролетната колекција за 2017 на модната куќа која беше претставена на модната недела во Париз но притоа со направени мали измени во деколтето.
Доделувањето на наградите беше одржано во Лондон во огранизација на Harpеr’s basaar.
Легендарната Хермиона од епската сага „Хари Потер” ја доби наградата за „Инспирација на годината” која и беше врачена од самиот продуцент на филмовите.

Generated by IJG JPEG Library

Ема веќе неколку години активно ја води кампањата HеForShе која се бори за женските права. Таа како една од најпознатите феминистки на денешницата изјави дека наградата ја посветува на сите жени кои се поддржуваат една со друга.

on-aime-la-tenue-d-emma-watsongallery-1478028778-hbz-emma-watson-dress-embed

15   gallery-1478028886-hbz-dior-emma-watson-comp

Прегледи:
254
Објавено на:
03.11.2016