Категории

Еминем ги послужува купувачите во новоотворениот ресторан во Детроит

Најпознатата рап ѕвезда на сите времиња, Еминем, се најде во улога на продавач на паста во новоотворениот ресторан во неговиот роден град Детроит. 

Тој вчера отвори нов ресторан, а првите 10 купувачи беа послужени лично од него. Поради огромниот интерес, фановите започнале да чекаат ред уште во 10 часот наутро, 7 часа пред да отвори ресторанот. Локалните минувачи биле сведоци на огромна редица луѓе кои чекале цел ден.

Името на ресторанот е „Mom’s Spaghetti“, а она што е интересно е дека тоа е извадок од познатата песна на Еминем „Lose yourself“.

Прегледи:
415
Објавено на:
30.09.2021