Емоционално збогување на татко и ќерка

Jim Zetz е татко кој има рак на панкреасот во 4та фаза. Тој нема да биде присутен кога неговата ќерка ќе земе возачка дозвола, кога ќе матурира, кога ќе има момче, кога ќе се омажи… Тој знал дека неговото време на Земјата е ограничено, па решил да направи нешто многу посебно за својата жена и ќерка.

Приказната започнува кога семејството решило да направи фотосесија, за последните моменти заедно да ги зачуваат во фото албум, а тука на помош дошла фотографката Lindsey Villatoro. Таа вели „Најубавите луѓе кои ги знам се оние кои имале тешкотии, кои се бореле во животот, кои изгубиле, но го нашле својот пат од длабочините“.

Со помош на Lindsey бил оранизиран посебен момент за Jim и неговата ќерка Josie. Сонот на секое девојче е нејзиниот татко да ја однесе пред олтарот, но во овој случај тој сон на Josie немало да се оствари … Но со помош на фотографката била организирана свеченост, по повод 11тиот роденден на Josie, на кој таа и татко и, држејќи се за рака „одеа до олтарот“. Тие пред пасторот кажале „Да“ на тоа дека секогаш ќе бидат татко и ќерка, кои неизмерно ќе се сакаат.

Овој татко и го исполни сонот на својата млада ќерка и даде топол спомен кој ќе го памети целиот свој живот, особено во моментот кога навистина ќе оди до олтарот.

 




Коментари

коментари