Емотивна реакција на маж кога за првпат ги гледа боите на зајдисонцето! (ВИДЕО)

Реакцијата на Арон Вилијамс-Мел кога за првпат ќе го види зајдисонцето со специјални очила, ќе ве поттикне да размислите колку се скапоцени малите моменти од секојдневието кои често ги земаме здраво за готово.

Арон, кој има слепило на бои, го сподели на YouTube емотивниот момент кога за првпат ги користи очилата EnChroma, кои ги добил како подарок од своите родители. Очилата им овозможуваат на лицата кои се слепи на бои да видат нијанси и бои кои никогаш порано не ги виделе.

Погледнете го видеото кое досега има преку 2 милиони прегледувања:




Коментари

коментари