Категории

Емотивна реакција при обединувањето на мајката и своите кученца кои и биле украдени

(ВИДЕО) Ова е емотивна приказна за обединувањето на една мајка и нејзините младенчиња. Реакцијата на кучката која се обедини со своите младенчиња за само четири недели ја прегледаа над четири милиони луѓе.

Девет кученца беа фрлени покрај патот, а за среќа ги видоа добри луѓе кои ги хранеа и се грижеа за нив. Едно од кученцата одбило да јаде, па го однеле на ветеринар за да проверат што не е во ред. Бебето го добило името Чаки. Ветеринарот утврдил дека најверојатно изело нешто лошо во природата и решил да го задржи на клиниката се додека не се опорави. Луѓето ги фотографираа преостанатите кученца и ги објавија на својот Инстаграм профил, каде наскоро ги контактираше семејство кое ги препозна кученцата.

Семејството изјавило дека куче скитник дошол во нивната градина и кога погледнале подобро, сфатиле дека станува збор за трудна кучка. Тие се грижеа за неа и нејзините кученца месец и половина и ги хранеа, но наскоро сосед ги зеде кученцата и ги однесе на непозната локација. Нивната мајка ги бараше насекаде и плачеше по нив, а кога повторно ги сретна благодарение на добрите луѓе, не можеше да ја сокрие својата среќа и среќно лелекаше.

Глетката омекна многумина, а згрижувачките родители открија дека среќното семејство е сместено на безбедно место.

„Ќе ја кастрираме мајката, а кученцата кога ќе пораснат доволно ќе најдат нов и убав дом“ – рекоа тие.

 

Прегледи:
248
Објавено на:
19.04.2021