Категории

Емотивно писмо на една мајка: Ве молам, не кажувајте и дека сум на небото!

Хедер Мек Манами оваа недела ја загубила битката со страшната болест. Меѓутоа, пред да го напушти овој свет, таа напишала тажно, но и духовито писмо, кое го адресирала до своите најблиски, вклучувајќи ја и нејзината четригодишна ќерка Брајани.

Писмото на мајката Хедер МекМанами, која неодамна починала од рак на дојка, постхумано го објавил нејзиниот сопруг Џеф, а само недела дена од неговото објавување тоа е споделено повеќе од 20 илјади пати и собрало повеќе од 100 илјади допаѓања.

“Имам една добра и една лоша вест. Лошата е дека јас, очиглдно сум веќе мртва. Добрата е дека вие, доколку ова го читате, секако не сте (освен ако на овој свет не постои WiFi). Да, тоа е прилично без врска, и повеќе отколку што може со зборови да се опише, но сепак неверојатно сум благодарна што живеев живот кој беше исполнет со љубов, радост и феноменални пријатели. Ве сакам сите и ви благодарам на прекрасниот живот.

Ве преколнивам, немојте да и кажувате на Брајани дека сум на небото. Во нејзината глава тоа може да изгледа како јас да сум избрала да бидам на некое друго место и дека сум ја оставила, а во реалноста јас направив се што можев и се што беше во моја моќ за да останам со неа и со мојот сопруг Џеф. Ве молам, немојте да ја збунувате, бидејќи јас не сум на небото. Јас сум тука. Меѓутоа, не повеќе во проклетото тело кое ме издаде. Мојата енергија, љубов, насмевка и неверојатни спомени секогаш ќе бидат со вас.

Ве молам немојте да бидете тажни кога ќе се сетите на мене. Смејте се знаејќи дека времето кое го имаме поминато заедно било феноменално. Мразам поради мене луѓето да бидат тажни.

Ве молам, кажувајте и на Брајани за мене за да знае колку ја сакам и колку сум горда на неа и секогаш ќе бидам (и кажувајте и така што ќе испаднам малку повеќе кул отколку што реално сум). Бидејќи не постои ништо друго на овој свет што повеќе сакам од тоа што сум нејзина мајка. Ништо. Секој момент поминат со неа за мене значеше среќа.

И не говорете дека сум ја изгубила битката со ракот, бидејќи тој можеби ми го одзема животот, но никогаш љубовта и вербата, надежта и радоста. Тоа всушност не беше “битка”, тоа беше живот, кој е често брутален и нечесен. Не изгубив, по ѓаволите. Начинот на кој живеев со рак го сметам за голема победа. Ве молам запомнете го тоа.

Најважно од се – што имав неверојатна среќа да повеќе од една деценија да бидам со човекот кој е љубовта на мојот живот и најдобар пријател. Вистинска љубов и сродни души навистина постојат. Секој наш ден беше исполнет со радост и љубов. Тој е најдобриот сопруг во универзумот. Ти си мојот свет и ја сакам секоја секунда од нашиот заеднички живот.”

Ова е само дел од емотивното писмо на Хедер кое допрело до срцата не само на нејзиното семејство и пријателите, туку и на луѓето ширум светот.

Меѓутоа, она што Хедер навистина не би го сакала е луѓето да не бидат тажни.

На крајот од писмото, Хедер напишала:

“Не заборавајте: секој ден е важен.”

Прегледи:
520
Објавено на:
25.01.2016