Емотивно писмо на жена која ја чека СРОДНАТА ДУША – „Можеби точно сега си на пат до мене..“

„Знам дека ќе дојдеш, затоа ќе те чекам. Можеби си веќе на пат до мене. Не знам, но знам дека еден ден ќе дојдеш..“

„Јас го чекам оној вистинскиот и го чекам многу подолго отколку што мислев. Некои велат дека е тоа добро и дека треба да оставам дел и од мојата љубов на овој свет. Сепак, не можеш а да не се запрашаш.. Каде е таа личност? Кога ќе дојде во твојот живот?
Долго го чекам.
Велат дека друга личност може да ја исполни празнината која самиот ја создаваш во себеси. Не можеш да сакаш друга личност ако не се сакаш потполно самиот себеси. Го прифатив тоа.
Продолжив во потрагата по сродната душа уште по страствено. Сепак, и понатаму не пристигнала. Можеби не е спремна или сеуште треба да работа на себеси.
Чекав и понатаму да се појавиш, слушнав глас во главата дека треба повеќе да се потрудам. Да одам на места на кои не сакам и да му покажам на светот дека те барам. Веројатно ќе се запознаеме одеднаш, ќе бидам спремна!
Ќе те сакам во потполност, но и ќе ти пружам твој простор. Ќе те слушам внимателно, и ќе го барам најдоброто во тебе. Ќе се борам да бидам се што посакуваш.
Ќе ти ги покажам страните од себеси кои на никого не сум ги покажала. Ќе те пуштам во мојот свет, сакам да те видам во твоето вистинско светло. Едвај чекам да ги откријам твоите несовршености и да научам да ги сакам.
Мене ми е судено некого да сакам и да му го пружам својот цел свет. Тој дар го чувам премногу долго, едвај чекам некому да му го поклона. Ако никогаш не се сретнеме, нема врска. Сеедно ќе го извлечам најдоброто од светот. Но нашиот потенцијал ќе остане скриен како дијамант на дното на морето.
Знам дека ќе дојдеш, затоа ќе те чекам. Можеби токму сега и некаде на пат кој ќе де доведи до мене. Не знам, но знам дека еден ден ќе дојдеш.“




Коментари

коментари