Категории

 Енрике Иглесијас им се заблагодари на Македонските фанови за преубавиот концерт

Енрике Иглесијас – кралот на латино-поп музиката, вчера во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“ го одржа концертортот во рамки на неговата светска турнеја насловена „Секс енд Лав“ (Sex and Love).

На концертот шпанскиот заводник од прва ја освои публиката. Салата „Борис Трајковски“ до последно седиште се наполни и тоа доволно говори за популарноста која Енрике ја ужива во Македонија.

После концертот Енрике се заблагодари на Македонската публика со поставување на фотографија на својот Фејсбук профил. На фотографијата остави и коментар: ”Ви благодарам што го направивте посебен мојот прв настап овде”.

Очекувајте во текот на денешниот ден галерија од преку 100 фотографии кои ги направи тимот на Среќа Мк, за време на концертот.

Прегледи:
378
Објавено на:
21.06.2016