Категории

Есен 2020: Која должина на коса ќе биде најголем тренд?

Дали сте подготвени да зачекорите во новата сезона со нов изглед? Еве кои фризура ќе бидат најголем тренд оваа есен..

Сите можеме да се сложиме со тоа дека оваа есен не наликува на ништо вообичаено. Но, едиснтвеното нешто кое може да ви помогне да ја одбележите оваа нова сезона – е нова stylish фризура. При одбирањето на својот есенкси изглед, земете ја во обзир вообичаенат рутина за нега на коса. Добро размислете за тоа дали сте подготвени на секојдневно одржување на фризурата или би сакале едноставна фризура која не мора да ја стилизирате и која ќе изгледа добро дури и кога ќе порасне.
При одбирањето водете сметка за типот на својата коса со цел да креирате фризура која ќе може да се одржува без напор.

Топ 5 фризури кои ќе бидат главни трендови оваа есен:

Храбри шишки
Од оние кои паѓаат настрана до густи и рамни – есента е сезона на шишките и брз начин за постигнување нов изглед. Најпопуларната фризура ќе изгледа акко да дошла од ’60-тите, а ќе ве асоцира на безвременските селебрити икони како Брижит Бардо, со лесно навиткани врвови кои ќе одговараат на секој облик на лице.

Рамен боб со шишки
Летото го одбележаа израстените боб и лоб фризури, а стручњаците предвидуваат дека оваа есен ќе биде во тренд се што е „остро“. Кратките фризури со рамни врвови кои доаѓаат до израз и се прецизно и рамно скратени ќе бидат топ тренд. Оние кои имаат тркалезен облик на лице е најдобро да изберат асиметричен боб за подобар резултат. Шишките и тука секако се главниот детал.

Слоеви и само слоеви
Најголемиот тренд за есен сепак е ажурираната верзија на оваа фризура од ’70-тите. Таа изгледа одлично во долго и кратко издание. Фризурата со слоеви е во тренд и не само што изгледа гламурозно без нималку напор, туку е и едноставна за одржување. Само нанесете малку спреј за текстура и сте подготвени за денот пред себе.

Се на иста должина
Долгата коса која е истрижена рамно е доста едноставна за одржување и обликување. Опциите во стилизизрање на оваа коса се неограничени – распоредете ги прамените да ви го допираат грбот или подигнете ја косата во висок реп или пунџа. Покрај тоа, брановите кај ваквата фризура изгледаат особено елегантно.

Collarbone фризура без шишки
Класичната фризура која го врамува лицето, collarbone е за сите оние кои оваа сезона не сакаат да претеруваат и експериментираат премногу. Клучот на оваа фризура е едноставноста. Држете се до недефинираните краеви и додадете неколку слоеви ако ви е потребен поголем волумен.