Чек дис аут
Search

Есенски бои кои никогаш нема да излезат од мода: Дали ги имате во вашиот гардеробер?

Некои можат да се носат самостојно, а некои е одлично меѓусебно да ги комбинирате

Како што есента полека поодминува, улиците се повеќе се полнат со облека од природни, земјени тонови кои покрај тоа што се класични, се во тренд и оваа година.

Од темно кафеава до крем бела, се носат сите нијанси на кафеава боја.

Но, овие три бои посебно се истакнуваат:

 

Боја на чоколадa

Темно кафеава е идеална боја за зимските месеци, а оваа година е застапена во многу колекции. На светските модни писти и уличната мода меѓу трендсетерките можете да наидете на многу џемпери, волнени капути во оваа боја. Но, дефинитивно најинтересни се темно кафеавите кожни панталони, кожните фустани и капути во таа боја.

Совет:

Ако носите такво „силно“, односно такво впечатливо парче облека, остатокот од стајлингот мора да биде подискретен.

 

Боја на карамела

Ова е дефинитивно бојата на оваа есен. Трендот започна со чизми во таа боја, а продолжи со капути, блејзери и здолништа во боја на карамела.

Покрај тоа што е модерна и елегантна, истовремено е безвременска и класична. Затоа, ако сеуште ја немате во вашиот гардеробер, оваа зима е вистинскиот момент да инвестирате во класичен капут со оваа боја.

 

Боја на ванила

Станува збор за боја која е многу разноврсна и лесна за комбинирање. Изгледа убаво на секоја жена и кога комбинирате само беж тонови, од глава до пети. Со неа нема да погрешите!

Ако повеќе преферирате светли тонови, можете да носите светли беж тонови, кои убаво се комбинираат со други кафеави бои каде што веднаш го прават аутфитот „полесен“.




Коментари

[fbcomments]