Есенски водич за вашата коса: 4 бои кои најмногу ќе се носат?

Исто како што лисјата ја менуваат бојата во овој период, така и со пристигнувањето на есента влегуваат нови бои во светот на убавината.

Новите бои за коса се појавуваат секоја есен, како да е со закон напишана обврска во оваа област на грижа и убавина.

Сепак, интересно е дека оваа сезона нијансите на бои за коса започнаа да добиваат нови, различни, поизразени имиња. Имиња на кои е тешко да се одолее.

 

Ова лето, најпрво во американски и британски салони за коса, а потоа и низ целиот свет, девојките бараа боја на капучино, темно пиво или еспресо, како одеднаш бојата да стане поубава доколку го носи името на нашиот омилен пијалок.

 

Иако можеби изгледаат само како нови имиња за стари бои, постои детaл што ги прави различни – нијанса која се менува суптилно.

 

  1. Светли прамени по должината на лицето

Експертите објаснуваат дека посветлите прамени по должина на лицето се наједноставниот начин да и дадете нова димензија на вашата коса без да ја менувате драстично. Неколку нијанси на посветли прамени по должината на лицето привлекуваат  погледи кон очите и усните. Покрај тоа, покрај нив ќе задржите и нешто од летото и во есента која ни предстои.

 

  1. Боја на печурки

Тоа е боја со многу тонови и подтонови, од пепеласта до исклучително светлата боја на печурките. Ова е одлична преодна нијанса, некаде помеѓу светло-кафеава и потемна руса коса. Идеално е за природни русокоси кои со текот на времето ја затемниле својата коса и сега сакаат да задржат некои од нивните светли прамени, или за природни бринети кои сакаат полека, а не наеднаш, да се претворат во русокоси.

 

  1. Тонови на еспресо

Оваа темна нијанса ќе ја разубавите со малку потопла црвеникава нијанса, така што ќе добиете ефект на темно дрво.

 

  1. Тонови на чоколадо со цимет

Суштината е во контрастот помеѓу топлата боја на дивиот костен и потемната основа. Примамливо е кога јадете и кога гледате.




Коментари

коментари