„ESSENTIALS COLLECTION“ by Zoe

Zoe, омилениот спортски бренд, сo новата колекција ја задржува препознатливата женска естетика, но носи и многу новитети.

Најразновидната колекција досега е вистинско задоволство за сите љубители на модата и активниот животен стил. Парчињата Essentials докажуваат дека перфектната удобност и одличниот стил не се исклучуваат еден од друг.

Секогаш биди своја, изрази се, верувај во себе!

“Be what you want to be” порака која најдобро ја опишува самата колекција, како и кампањата што ја претставува. Се однесува на можноста за избор и ја слави индивидуалноста на модерната жена која секојдневно се трансформира и останува верна на себеси.

Mix & match, за СЕКОЈА жена

Колекцијата опфаќа широк спектар на all-day производи, прилагодени на личниот стил, интересите и активностите, во кои ќе се чувствувате удобно и привлечно. Можностите за комбинирање се неограничени, така што секоја жена ќе ја најде својата идеална комбинација. Хеланките, доаѓаат во широк спектар на големини, од XS до XL, и се карактеризираат со високо квалитетни материјали, најсовремена технологија и неверојатна удобност. Дизајнерско заводливите спортски градници и кратките хеланки како највпечатлив тренд во последните неколку сезони, овозможуваат со леснотија да го испланирате вашиот outfit за тренинг.

Ако сте расположени да поминете еден ден во тренерки, не мора да го жртвувате атрактивниот и женски изглед. Ultimate Sweatpants, со висококвалитетната памучна јакна и маица ќе се погрижат да се чувствувате удобно и да изгледате одлично.

Сега можете да излезете и во Zoe Night Combination! Миди и мини здолништа за надополнување на било која гардероба, и заводлив топ на тенки прерамки кој ќе предизвика големо внимание.

Имајте во предвид дека секое парче од новата колекција доаѓа во неколку трендовски бои, од мистична црна, до неутрална сива, беж тонови и меки розови нијанси.

Accessories & опрема

Essentials колекцијата може да ја носите од утро до вечер, па Zoe ви претставува исто така супер лесни спортски торби во кои може да спремите сè што ви треба за еден ден, тренинг или кратка пауза.

Yoga душеци во преслатки бои, врвни додатоци како што се yoga wheels или yoga blocks, ремени за зголемување на флексибилноста и ролери за масажа се само дел од новата Zoe понуда.

Колекцијата можете да ја пронајдете на Pre-Sale од 26.11 во продавниците на Polleo Sport.




Коментари

коментари