Ева Соколовска: 11 натпревари и 11 златни медали по ритмичка гимнастика

Ева Соколовска е македонското златно девојче кое живее во Германија. На републичкиот натпревар во Германија го освои првото место во ритмичка гимнастика.

Ева настапи во четири дисциплини :чуњеви, хулахоп, соло и со топка и во сите дисциплини по освои најдобриот резултат.

Таа досега има настапено на 11 натпреварувања и на секое од нив го освои првото место, а на овој натпревар  Ева беше со предност од три поени пред натпреварувачката што го освои второто место.

Таа тренира и за репрезентација, што значи дека два пати месечно оди на контрола за проверка на капацитет, кондиција и сѐ што е потребно за активен спортист кого го подготвуваат за Олимпијада. Во наредниов период на Ева и претстојат уште неколку турнири во Холандија и Турција.

Поради огромниот талент на Ева, со неа тренираат три тренери кои во својата кариера имаат постигнато светски успеси.




Коментари

коментари