Еве кога треба да користите балсам, а кога маска за коса

Едно е сигурно, во светот на убавината постојат многу дилеми, а една од нив е поврзана со нега на коса – кога треба да се користи балсам, а кога маска за коса? Го дознавме одговорот!


Балсам за коса не може многу да ви помогне во грижата за вашата коса, бидејќи е премногу слаб. Ако ставате балсам на оштетена коса нема да постигнете голем ефект. Затоа е препорачливо косата да ја негувате со маски за коса, кои повеќе ќе ја нахранат косата поради нивниот состав.

Истото важи и за коса која се третира со разни уреди кои емитуваат топлина. Имено, косата, поради топлината и хемикалиите ги губи природните масла, поради што станува сува, а маските за коса ѝ го враќаат сјајот. Доколку имате многу оштетена коса треба да користите маска после секое миење.

Што е тогаш со здравата коса?

Во овој случај, ситуацијата е обратна. Маските за коса се премногу агресивни за здравата коса и треба да се избегнуваат. За нега на здрава коса е доволен балсам, со него косата ќе остане здрава и сјајна, и полесно ќе се чешла. Токму поради фактот што балсамот не е многу агресивен за косата, можете да го користите после секое миење, дури и ако го правите тоа секој ден.




Коментари

коментари