Еве што мислат децата за мажите со брада

Во студијата на др. Никол Нелсон од Универзитетот во Квинсленд, учествуваа 470 деца на возвраст од 2-17 години, на кои им беа прикажани фотографии на мажи со брада и без брада, а малите ги опишуваа според одредени стандарди.

Резултатите покажаа дека децата, брадестите мажи ги сметаат за посилни, им изгледаат постаро, но исто така ги сметаат за помалку привлечни и не ги доживуваат како личности на кои можат да им веруваат. Меѓутоа, интересно е тоа дека децата чии татковци имаат или имале брада, ваквите мажи ги сметаат за „топли“.

„Децата стари две години веќе знаат дека брадите не им се допаѓаат, а колку се постари, до 13 години, се помалку им се допаѓаат. Сосема малите деца ја поврзуваат брадата со силата, но мажите со брада не делуваат како луѓе на кои можат да им веруваат“, вели др. Нелсон.

Со други зборови, тешко дека малите деца ќе посакаат да си играат со маж кој има брада или дека ќе му притрчаат во прегратка освен ако не се работи за нивниот татко.




Коментари

[fbcomments]