Категории

Еве што Одри Хепберн конзумирала секој ден

Одри Хепберн е икона поради многу причини. Не само што била талентирана, добитничка на Оскар и посветен филантроп, туку и поради тоа што со својот стил ги инспирирала и инспирира жените ширум светот.

Одри е исто така позната по својата тенка фигура која чесго била осудувана дека се должи на пореметување во исхраната. Но оваа филмска и модна икона никогаш не била на диета. Нејзина омилена храна биле тестенините, житариците и месото, но она што е најважно е што знаела да одржува баланс без да претерува.

Нејзиниот син изјави дека својата мајка ја памети како жена која ги обожавала долгите прошетки и била вистински гурман. Но причината поради тоа што не успевала да има видока килажа бил брзиот метаболизам.

Нејзиното дневно мени се состоело од лесно месо и тестенини. За појадок често јадела џем а за вечера пилешка чорба. Одри често уживала во темното чоколадо со чаша виски, но она што е најважно е што сето тоа умеела правилно да го избалансира.

Прегледи:
412
Објавено на:
19.08.2017