Еве што треба да направите доколку ве фати грч додека пливате

Грчевите во мускулите обично се појавуваат при нагло истегнување на стапалата. До тие проблеми честопати доаѓа додека пливаме, за разлика од останатите спортови, бидејќи стапалото е секогаш под напор.

Прва помош во вода

Секој кој барем еднаш доживеал да го фати грч, знае колку може тоа да биде непријатно. Најважно од се е штом почувствувате грчење на мускулот, веднаш да престанете да ја правите одредената активност. Но, пливањето е една од ретките ситуации кои тоа не го дозволуваат, без обзир на грчот на мускулите. Затоа, направете го следново:

  • одржувајте се на површината на водата и истегнувајте се и масирајте го мускулот
  • колку што можете побргу излезете од вода
  • ако грчот не помине за 5 минути, продолжете со масирање
  • не почнувајте повторно да пливате додека не помине грчот во мускулот



Коментари

[fbcomments]