Категории

Еве што треба да направите на Велика Сабота

Некои луѓе, саботата пред празникот Велигден, наречена Велика Сабота, за празник ја сметаат само додека се во црквата, а потоа може да се работи. На овој ден се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна.

Во Мариово жените ги переле појасите верувајќи дека не ќе ги боли половината во текот на годината кога ќе копаат и жнијат.

Вечерта околу полноќ се оди во црквата каде што секој носи црвено јајце.

Во Радовиш носеле и свеќа и зелено гранче или цвеќе, а свеќата запалена од свештеникот ја носеле дома и со неа го запалувале огнот.

На полноќ сите присутни со тропарот „Христос воскресе“ три пати ја обиколуваат црквата.

Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат.

На малите деца во саботата навечер под перницата им ставаат црвено јајце што им го даваат утрото во неделата кога ги водат во црквата.

Прегледи:
473
Објавено на:
15.04.2017