Еве зошто е одлично да се биде сингл

Сингл статусот не е причина за очајување, напротив, ова се едни од најдобрите работи кои го прават овој статус баш позитивен.

-Се во вашиот дом е ваше.
-Не морате да сокривате поклони, рецепти или купени ситници на смешни места.
-Ако купите нешто вкусно, не морате да го купувате во дупла количина.
-Доцните ноќни часови се само ваши.
-Вие одлучувате кога и како ќе се депилирате.
-Валентајн веќе не е скап празник.
-Нема датуми кои морате да ги паметите.
-Нема роденден за кој треба да планирате и да одбирате поклони.
-Можете да ја оставате валканата облека каде сакате.
-Не морате да менувате нешта во вашиот живот поради нечија љубомора.
-Можете да се дружите со пријателите кога сакате, колку сакате, каде сакате.
-Можете да преспиете каде сакате.
-Единствена личност која го чита вашиот мејл и пораки сте вие.
-Можете да излегувате со кого сакате.
-Можете да флертувате со слаткиот колега/колешка без да имате грижа на совест.
-Гледате филм или серија која вие ја сакате.
-Не морате да трпите ничии чудни навики.
-Можете се да правите на свој начин.
-Единствениот неред кој морате да го чистите е вашиот.
-Готвите и купувате за себе.
-Даската на вц школката се крева единствено кога вие ќе го направите тоа.
-Можете да пиете што сакате, кога сакате и каде сакате.
-Нештата остануваат онаму каде што сте ги оставиле.
-Можете да присвоите миленик без да се грижите дали некој ќе биде алергичен на него.




Коментари

коментари