Евгениј Поп Ацев ја освои 13-тата позиција на трката на 25 км на Светското првенство во Јужна Кореа

Македонскиот маратонски пливач со богата спортска кариера и многубројни признанија и награди, заврши 13-ти на трката на 25 км која се одржа во Гванжу, Јужна Кореја.

Делницата од 25 километри Поп Ацев ја помина за 4 часа, 54 минути и 39 секунди што не беше доволно за место помеѓу десетте најдобри пливачи. Со златниот медал на далечинската трка се закити францускиот пливач Аксел Рејмонд, кој во 2013 со рекорд на патеката триумфираше на Охридскиот пливачки маратон.


Неговиот брат, Дарко Поп Ацев на својот фејсбук профил напиша: „Евгениј Поп Ацев 13-ти на трката на 25 км на Светското првенство во Кореа. Ти си брате вистински шампион, ЉУДИНА ОД ЧОВЕК, да пливаш 5 часа рамо до рамо барабар со светски шампиони, да ги победиш и двајцата американци во базичен спорт како што се атлетиката и пливањето, каде сите доаѓаат со цели тимови, поддржани од своите држави 365 дена од годината со овозможени сите услови за професионално тренирање, а ти си дојден до тој степен да одиш и да молиш тренери од други држави да ти даваат течности за време на трка зошто си дојден сам, а камоли да зборам за било каква друга поддршка, овој успех ти го прави уште поголем. Си не направил горди до небо! Пливај за себе, за нас најблиските и прави нѐ среќни и горди и во иднина!“.

Се надеваме дека во иднина талентираните и успешни македонски спортисти кои успеваат да нѐ направат горди каде и да отидат, ќе добијат сѐ што е потребно за да можат достоинствено да се претстават себеси и нашата држава!




Коментари

коментари