Дали Маријан Стојановски ќе не претставува на Евровизија?

На 19, 21 и 23 мај ќе се одржи Евровизија 2015 во Штадхале, а Македонија е прва од државите учеснички која ќе го одбере својот претставник.

Македонската радиотелевизија националниот избор го закажа на 12-ти ноември во Метрополис арената во Скопје. Ќе се натпреваруваат 20 песни со ревиски оркестар кој ќе брои 54 члена. Меѓу учесниците ќе има двајца досегашни преставници кои не успеаа да се пласираат во големото финале, Тамара Тодевска(2008) и Влатко Илиевски(2011). На листата учесници се и: Тања Царовска, Димитар Андоновски, Лидија Кочовска, Верица Пандиловска и фестивалскиот повратник Марјан Стојановски. Претставникот ќе се бира на ист начин како што се гласа на Евровизија, т.е. 50-50 во однос на телевоутинг и стручно жири.

До сега 35 земји го потврдија учеството во Виена, останува потврда од уште шест земји. Турција, Хрватска, Чешка, Луксембург, Андора и Украина годинава нема да учествуваат. По една година, на евровизиската сцена се враќаат Србија, Босна и Херцеговина и Португалија.




Коментари

коментари