Факти за кучињата кои ќе ве изненадат

Има еден факт за кучињата кој никогаш нема да ве изненади – тоа е дека тие се најдобриот пријател на човекот. Но, што друго не знаете за кучињата?

1.Тие имаат осет за време.

Знаат да направат разлика помеѓу еден и пет часа, и знаат да предвидат рутински работи врзани со време.

2.Тие се паметни колку 2-годишно бебенце.

Можеби и затоа дечињата и кучињата се толку поврзани. И едните и другите разбираат по околу 250 зборови и некои гестови и мимики.

3. Тие се љубоморни.

Затоа ако ве видат дека галите друго животинче, потоа се однесуваат како да се лути – бидејќи се буквално љубоморни!

4. Помагаат да лачите среќни хормони

Ако гледате долго во очите на кучињата, кај вас ќе се излачи окситоцин – хормонот на љубов и среќа. Истиот хормон се лачи и кај нив.

5. Уличните кучиња во Русија се возат во јавен транспорт.

Тие научиле да се возат во метро транспортот и знаат на кои постојки да се симнат.

6. Кучињата можат да помирисаат рак кај луѓето

Клетките на рак испуштаат поинакви производи на метаболички отпадоци од здравите клетки на човечкото тело. Кучињата имаат силен мирис и можат да ја осетат оваа промена во клетките.

7. Кучињата имаат анксиозност кога ќе ги оставите сами дома.

Но, ако им оставите парче облека што сте го носеле неодамна, тоа ќе им ја смри анксиозноста.

 




Коментари

[fbcomments]