Категории

Факти за психопатите кои веројатно не сте ги знаеле

Околу 5% од светската популација може да поседува психопатски тенденции, но пред да почнете да паничите застанете за момент за да дознаете што всушност значи да си психопат.

Психoпатијата е веројатно најдраматичната и најзборуваната ментална состојба во медиумите, и дефиницијата за неа е многу извртена со текот на времето.
Овие факти за терминот е веројатно да Ве изненадат:

Психопатијата не е дијагноза – иако често се споменува во кривичното право и медиумите таа не е призната како нарушување туку како подкатегорија на асоцијално растројство на личноста. Состојбата се карактеризира со недостаток на емпатија и чувство за другите, себичност, недостаток на вина и површен шарм кој се користи за манипулација.

Психопатијата е димензионална во природата – таа не се случува на бинарен начин и не е црно – бела. Можно е да постојат помали психопатски тенденции, или еден психопат да има само неколку белези на состојбата. Не постојат биолошки тестови кои ја докажуваат, а најупотребуваниот уред за идентификување е листата за психопати PCL-R која има 20 точки за особини на личноста и евидентирани однесувања. Со помош на бодување се одредува дали личноста е психопат или не.

Психопатите не се исто што и социопатите – и двете состојби се поврзуваат со недостатокот на емпатија, но постојат неколку клучни разлики меѓу нив. Психопатите воопшто немаат совест, а социопатите ја имаат и покрај тоа што ќе сторат нешто што не треба. Психопатите исто така се шармантни глумци, а социопатите се поимпулсивни и отворено може да го прикажат недостатокот од емпатија.

Психопатите не се секогаш насилни – зборот психопат често се поврзува со убиец, но во реалниот живот тие луѓе не се водени од насилството туку од себичноста, недостатокот на емпатија и манипулација. Некои овие особини ги користат да прават кривични дела, но многу од нив успеваат и во бизнисот благодарение на овие особини.

Тие се презастапени во затворите – не сите психопати се насилни, но многу насилни луѓе може да бидат психопати. Не се знае колку една личност со психопатски тенденции ќе заврши како криминалец, но не може да се игнорира фактот дека се многубројни во затворите со околу 15%. Нема достапно истражување за сериските и масовните убијци, но постои логична претпоставка дека најмногу се застапени меѓу нив.

Жените и мажите психопати може да се многу различни
– генерално е помалку очекувано од жена да манифестира психопатско однесување отколку од маж. Иако некои студии покажале дека и жените се еднакво опасни како и мажите, може да биде различен начинот на кој тие тоа го манифестираат.

Амигдалата може да игра значајна улога во психопатските тенденции
– одредени структури на мозокот се идентификувани како главни играчи во процесирање на емоцијата и емпатијата – недостатокот кој е главен кај психопатите. Предните мозочни регии се особено важни. Се смета дека амигдалата има намалена функција кај овие лица.

извор:факултети.мк

Прегледи:
431
Објавено на:
01.05.2017