Категории

Фановите на Реал ги избраа трите идеални засилувања

Реномираната шпанска „Марка“ во текот на вчерашниот ден ги обелодени 12-те имиња на светски познатите фудбалери кои се на агендата на Реал Мадрид во пресрет на летниот трансфер период, а најверните фанови на „кралскиот клуб“ во изминативе 24 часа изгласаа кои тројца би биле идеални засилувања од подолгата листа која наводно ја составил Флорентино Перез.

Во анктетата која ја организираше ценетиот мадридски медиум, фановите на Реал изгласаа дека на тимот не му е потребен ангажманот на Давид Де Хеа поради феноменалната форма во која брани Кејлор Навас, но затоа сите се сложни дека тимот треба да се засили во одбраната.

Од петте издвоени имиња (Алаба, Лапорт, Рикардо Родригез, Стоунс и Маркињос), фановите на Реал најголема поддршка му дале на феноменалниот лев бек на Баерн Минхен и стандарден австриски репрезентативец, Алаба, кој собрал речиси 46 % од гласовите во анкетата.

Што се однесува до идеалното засилување во средниот ред, навивачите сметаат дека Пол Погба е многу подобра опција од Еден Азар во овој момент, а за тоа сведочи разликата во гласањето и големиот процент кој е во корист на актуелниот фудбалер на Јувентус (61 наспроти само 26).

Можеби најтешкиот и најкомплексен избор требаше да направат верните следбеници на Реал кога е во прашање нападот, но сепак најголема доверба доби Роберт Левандовски со речиси 47% проценти, пред Обамејанг со 31, односно Нејмар со 26.

Прегледи:
360
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
12.03.2016