Фантастична играчка за развој на вашите деца чини 0 денари и секоја мајка може да ја направи за 5 минути (фото)

Фантастична играчка за развој на вашите деца чини 0 денари,а еве како и да ја направите за 5 миннути.

Без оглед за што се користат влажните марамици се составен дел од секое семејство со мало дете – редовно се купуваат, празната  амбалажа редовно се фрла, а еве како секоја мајка може да ја искористи на феноменален начин:

Креативната мајка Марина Бановец од Загреб  дошла на идеја како од капаците на влажните марамици да направи одлична развојна играчка.

Мајката прво ги собрала капаците и со лепило ги залепила на обична пластична подлога. Капаците намерно не се отвораат на иста страна за да дедето само сфати како да ги отвори. Играчката ја збогатила со фотографии од предмети и животни кои едноставно ги испечатила и ги залепила под капаците.

„Мачето моментално ние  најмило“, нагласила мајката Марина и додала дека по почетното отворање и затварање нејзината малечка Дорина многу се заинтересирала за фотографиите па така учи нови облици и ги препознава животните.

Идејата може да се примени и за постари дечиња па така под капачињата може да се направат мемори или да се залепат букви за да детето учи низ игра.

-Овие капачиња се цврсти и навистина благодарни за ваков вид на развојна игра, но можно е да се залепат и капаци со различни големини и форми. На пример тие од млекото се помали па на детето ќе му биде потребни попрецизни зафати за да ги отвори“, заклучила мама Марина.

Се на се – ова е една навистина креативна идеја  за одлична и бесплатна развојна играчка.




Коментари

[fbcomments]