Категории

Фантазија преточена во реалност – Невестинската колекција на Zuhair Murad за есен 2018

Либанскиот дизајнер на високата мода Zuhair Murad ја претстави колекцијата венчаници за сезоната есен/зима 2018 која е олицетворение на најлудите фантазии на идните невести.

Венчаниците се изработени од луксузни материјали како шифон, тул и чипка финиширани со скапоцени кристали и светкави орнаменти кои се заштитен знак на дизајнерот.

Колекцијата доаѓа со многу иновативни креации како полу прозирни венчаници со шлиц, ни и класични модели во бајковит изглед, сирена стил и такви со V изрез и голи раменици. Палетата на бои изобилува со снежно бела и нијанси на слонова коска и шампањ.

Како и секогаш, уште една колекција која на секоја идна невеста ќе и го одземе здивот.

Прегледи:
103
Објавено на:
10.12.2017