Фенг Шуи за среќа и пари – Ова секој треба да го направи во текот на зимата!

Фенг Шуи стручњаците откриваат како треба да го уредите својот дом во текот на зимата за среќа и благосостојба!

Организирајте го својот дом и овозможете си пријатна зима на фенг шуи начин. Со доаѓањето на ладните денови и недостатокот на сончева светлина се чувствуваме сѐ помалку продуктивно. Бидејќи промените на годишните времиња предизвикуваат големи промени во нашето опкружување, потребно е да го реорганизираме и домот во склад со зимата.

Целиот тој процес ќе ве поврзе на едно подлабоко ниво со природата околу вас. Сѐ се подготвува за зимата, време е и вие да го подготвите вашиот дом. Тој треба да нуди топлина и да штити од студот и надворешните (не)прилики. Направете ги сезонските промени во вашиот дом според следните фенг шуи совети.

Кујна:  

– ослободете ги работните површини

– одвојте ги зачините од храната

– обезбедете убав и пријател амбиент за празниците и загрејте ги просториите

Во својот дом внесете што повеќе топли нијанси и украсете ги перничињата и прекривачите за да ви биде уште поудобно. Погрижете се да внесете топли тонови во тоалетот. На масата ставете декорации, украсни тикви, јаболки и други плодови во топли бои. Расчистете ги непотребните работи од влезот во домот.




Коментари

коментари