Филипче: Се воведува забрана за јавни собири, а угостителските објекти да работат до 18 часот

На денешната прес конференција министерот за здраство Венко Филипче рече ќе биде побарано од Владата да се воведат нови заштитни мерки, а една од нив е кафеаните, рестораните и кафулињата, теретаните и спортските сали како и казината да работат со скратено работно време.

Со оглед дека кафеаните и кафулињата се преполни и во текот на денот, но и навечер ќе се воведува ваква мерка.

– Од овој момент Министерот за Здравство објави дека се воведува забрана за сите јавни собири, забрана за работа на кино салите, театарски претстави, концерти, теретани… Исто така кафулињата, рестораните и казината треба да работат со скратено работно време- рече министерот Филипче.

-Рестораните и кафулињата да работат до 18 часот и тоа внатре со преполовен капацитет и да се запази оддалеченост од намалку еден метар меѓу луѓето- рече Филипче.




Коментари

[fbcomments]