Категории

Филмови кои би траеле по 10 минути ако протагонистите им беа малку попаметни

За да уживате во филм, потребни ви се две работи: пуканки и волја да си го инхибирате логичкиот разум на неколку часа.

Така, може да си седнете и да уживате неколку часа без нелогичностите во филмовите да ве прават да сакате да го изгасите телевизорот засекогаш. Многу филмови и серии би можеле да завршат пред крајот на првиот чин, ако главните ликови беа барем малку попаметни и ако малку повеќе се ослонуваа на здравиот разум. На Редит, корисникот  RedstonekPL направи вирална галама со своето прашање: „Кои филмови би завршиле за 10 минути ако главните ликови не беа глупави?“

Подоле ги имате нашите омилени одговори.

Заспаната Убавица
„Мила, мислам дека треба да ја поканиме Вештерката на крштевка кај ќерка ни. Знам дека е Господарката на цело зло, но си мислам дека ќе поминеме полошо ако не ја поканиме.“

Movies-That-Could-Over-10-Minutes

2. Хари Потер
Волдеморт ако толку сакаше да го убие Хари Потер, можеше да искористи други методи, но не, мораше да биде мелодраматичен и да му прави Авада Кедавра со години.
Movies-That-Could-Over-10-Minutes

3. 50 нијанси сиво
Ана: Ти си манипулативен следач со сериозна емоционална траума и ти треба професионална помош.
Movies-That-Could-Over-10-Minutes

4. Прстенот
Девојка 1: Еј, сакаш да гледаме касета што ќе те убие за 7 дена?
Девојка 2: Не, фала
Movies-That-Could-Over-10-Minutes

5. Вили Вонка и Чоколадната Фабрика
Детето ја наоѓа златната карта и ја продава на некое друго богато, рагалено дете. Лесни милиони, семејството нема повеќе да му биде сиромашно и нема да мора да живее со траумата од смртта на сите тие деца во фабриката.
Movies-That-Could-Over-10-Minutes

6. Малечката Сирена
Ариел: Татко, јас го сакам овој човек!
Кралот Тритон: Ариел, ти не го ни познаваш него.
Ариел: Хмм, во право си.
Movies-That-Could-Over-10-Minutes

7. Рок училиште
Госпоѓа Гулинс: Може ли да добијам лиценца дека сте учител?
Дјуи: Извинете, не ја носам со себе
Госпоѓа Гулинс: Не можете да работите како учител ако немате лиценца за учител.
Movies-That-Could-Over-10-Minutes

8. Гремлини
Идиотот требаше да почитува само едно правило!
Movies-That-Could-Over-10-Minutes

Прегледи:
390
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
07.09.2020