Само за вистински мажи: Пристига парфем со мирис на скара!

Иако звучи налудничаво, познатиот ланец за брза храна се одлучи да лансира мирисна нота од еден од омилените хамбургери на своите посетители.

 

Па, дали би сакале заносно да мирисате токму на скара? Имаме добри вести за вас! Наскоро и тоа најпрво во Јапонија, а потоа и пошироко, ќе се појави парфем под името Flame-Grilled, со мирисот од тазе испечено месо на скара.

Всушност, сите мирисни ноти кои го сочинуваат овој парфем се говедско месо на скара, свежо сецкан кромид, зелена салата и мајонез.


Овој “бјути производ” го лансираше токму популарниот ланец на ресторани за брза храна Burger King, кој е на големо познат по своите духовити понуди на своите конзументи.

Парфемот ќе биде пуштен во продажба во лимитирана колекција од скара-парфеми по цена од 37 евра, а секој кој ќе купи едно шишенце, ќе добие и еден оброк на подарок.

Сепак, постојат и оправдани сомнежи дека се работи само за една првоаприлска шега, бидејќи овој “парфем” би требало да ja здогледа светлоста на денот токму на Меѓународниот ден на шегата, 1-ви април.




Коментари

коментари