Категории

ФОТО: Артист тетовира болни дечиња за да им ги оттргне мислите од болеста и да им измами насмевки

Тату артист пронајде прекрасен начин за да им го олесни на децата престојот во болница. Бенџамин Лојд од Нов Зеланд им прави привремени тетоважи на малите пациенти во болницата „Starship“ за накратко да им ги оттргне мислите од болестите со кои се соочуваат.

Бенџамин бил мотивиран да тетовира деца откако синот на неговата девојка, кој го сакал како свој, починал. Тој вели дека тетоважите им ја зголемуваат самодовербата на децата и им ги менуваат лицата. „Тоа многу ги усреќува децата и им ја зголемува самодовербата“ – вели Лојд. „Единственото лошо нешто е што тие не сакаат да се искапат потоа“ – се шегува тој.

„Живеам за тие насмевки“ – пишува Бенџамин на својата Facebook страна.

Мисијата на Бенџамин започнала откако во објава напишал дека ќе ги тетовира сите деца во болницата доколку собере 50 допаѓања на Facebook, но не ни помислувал дека цифрата брзо ќе порасне до 450.000 допаѓања и 250.000 споделувања. Комплиментите упатени кон Лојд на социјалните мрежи постојано се зголемуваат, како и барањата од родители на болни деца од други држави да ги посети и нив.

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

12

Прегледи:
406
Објавено на:
25.05.2016